Tuesday, May 7, 2013

Сончевиот систем

Сончевиот систем е планетарен систем кој се состои од Сонцето и останатите небески тела кои орбитираат (кружат) околу него: 8 планети заедно со своите природни сателити и прстени, илјадиците астероиди и комети, метеороидите и останатиот меѓупланетарен материјал. Границите на Сончевиот систем се простираат и по орбитата на Плутон (кој не е планета), кој орбитира со просечна далечина од 30 AU, и ги вклучува Кајперовиот појас кој достига до 50 AU и Ортовиот облак составен од комети од кои некои се оддалечуваат од Сонцето и до 100.000 AU (1,5 Светлосни години).


По донесувањето на првата дефиниција на планета на 24 август, 2006, Плутон престанува да биде планета и станува планета-џуџе. Со тоа Сончевиот систем има 8 планети.

Сите планети имаат директна орбита, т.е. тие ротираат околу Сонцето во истата насока во која ротира и самото Сонце; движењето на повеќето сателити е исто така директно. Сонцето е далеку најмасивно тело во Сончевиот Систем, неговата маса е 330.000 пати поголема од земјината. Меѓупланетарниот простор содржи космичка прашина и екстремно малку јонизиран гас (честички од сончевиот ветер).

Сончевиот систем настанал пред речиси 5000 милиони години, како резултат на згуснувањето на облак од меѓуѕвезден гас и прашина (сончевата небула). Постојат и останати вакви системи кои се центрирани околу други ѕвезди и се викаат „сончеви системи“, а постоењето на дискови од материја кои ги опкружуваат ѕвездите наведуваат на заклучок дека планетите се нус производ од формирањето на ѕвездите.

No comments:

Post a Comment